top of page

За Нас

Има еден нов начин да се доживее Охрид: како жител. 

Ние нудиме високо-квалитетна услуга и ви ветуваме незаборавен престој. Можете да се потпрете на нас за препораки за ресторани, места што вреди да се видат, па дури и да ве однесеме на бесплатна тура за време на вашиот престој во Охрид. Ние исто така нудиме масажа во соба по ваше барање. Нашата цел е да ви овозможиме безгрижно и опуштено искуство.

CDAEE482-F795-4D75-B351-832D5E396152_1_201_a.jpeg

Се што правиме е за вашата насмевка!

 

 

Нашата вила е прилично нова, со неа работиме само една година. Името Пасаж значи "тунел " или " патека" што води кон светлината;  Метафорично, Вила Пасаж е светлината на крајот од тунелот.

 

Вила Пасаж е совршена за секојдневно разгледување. Се наоѓа во срцето на стариот град на Охрид, спротивно од Охридскиот суд и на пет минути пешачење од Охридското Езеро, во близина на пристаништето и поголемиот дел од црквите и спомениците. Исто така има многу ресторани наоколу, и ние би биле повеке од срекни да ве упатиме кон едни од подобрите. За оние што доаѓаат со коли, постои и бесплатен паркинг веднаш до нас. Нашата вила е сосема нова и можеме да ви ветиме добар, релаксиран и безгрижен одмор.

 

Поздрав,

 

Фамилија Милошевски

  
bottom of page