Атракции
Во Библиска Македонија, секој пат води кон Охрид. Човекот кој доаѓа во Охрид прво се воодушевува, а потоа, длабоко во својата душа, се поклонува на Охридските богатсва, кои едноставно го охрабруваат да разбере или можеби да се запраша - зошто одредени места се избрани да бидат поинакви, возвишени и единствени во целиот свет.

Оддалечено на само 150 метри од Вила Пасаж, тоа е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. Со својата уникатна флора и фауна, Охридското Езеро претставува еден од најголемите биолошки резервоари во Европа. Неговата важност беше дополнително нагласена кога се прогласи за светско наследство од страна на UNESCO.

Охрид е град со огромна историја и наследство и е прогласен како наследство на UNESCO во 1980 година. Вгнезден меѓу високите планини и Охридското Езеро, Охрид не е само место на историско значење, но, исто така, на извонредна природна убавина која ги вклучува: Античкиот театар , Заливот на коските, Самоиловата тврдина, изворите на Црн Дрим , селото Елшани, Националниот парк Галичица , селото Љубаништа и многу други...

Разладете се со вашите пријатели, напијте се по некој пијалок, и слушајте музика додека се сончате на неверојатните плажи на Охридското езеро.